Минатиот месец, Адвокатска канцеларија Бошњаковски успешно му помогна на клиент да ја регистрира својата трговска марка во Европската Унија. Со тоа, локалната трговска марка добива признавање и заштита во сите земји членки на ЕУ, додека канцеларијата постигнува значаен милник во својата практика во областа на интелектуалната сопственост.

На крајот на мај 2022 година, Адвокатска канцеларија Бошњаковски успешно асистираше на домашен клиент при регистрација на трговска марка во ЕУ. Трговската марка првично беше регистрирана во Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија. Брендот заштитен со трговската марка претставува софтвер кој се применува во здравствениот сектор.
Системот на Европската канцеларија за интелектуална сопственост (EUIPO) овозможува една единствена постапка за регистрација која обезбедува заштита во сите земји членки на ЕУ, што претставува ефикасно и економично решение. Со ова, носителот на трговската марка може со сигурност да го прошири своето работење во Европската Унија, знаејќи дека неговите права на интелектуална сопственост се заштитени, но и дека нема да повреди права на трети лица при користење на својот бренд.
Оваа регистрација беше дел од поширока глобална стратегија за заштита на трговската марка, која Адвокатска канцеларија Бошњаковски помогна да се осмисли и спроведе. Во рамки на оваа стратегија, се очекува успешна регистрација на истата трговска марка и во САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд и Сингапур.
Ние цврсто веруваме дека вистинското богатство на современиот свет не лежи во материјалните ресурси, туку во брендовите, креативните идеи и знаењето. Водени од оваа идеја, ќе продолжиме да им помагаме на нашите клиенти во заштитата на нивната интелектуална сопственост – авторски права, трговски марки, индустриски дизајн и патенти.
За совет како да ја регистрирате и заштитите вашата интелектуална сопственост, слободно пишете (contact@boshnjakovski.com) или јавете се (+38970257879).
.
Бесплатна консултација
Правото е сложена материја. Може да ви предизвика голем проблем. Дозволете ни да ви помогнеме!



