Владимир Бошњаковски е адвокат и основач на Адвокатска Канцеларија Бошњаковски. Тој е дел од нова генерација на меѓународно ориентирани адвокати кои советуваат во сложени прекугранични правни прашања. Со повеќе од 15 години искуство во адвокатурата и креирањето политики, тој е фокусиран на обезбедување структурирани и бизнис-ориентирани правни решенија.
Неговата кариера започнала со ангажман во креирање политики преку Стопанската комора на Северна Македонија, по што следувало и меѓународно институционално искуство со работа во Германскиот Бундестаг. Пред основањето на сопствената адвокатска канцеларија, работел во една од водечките корпоративни адвокатски канцеларии во Македонија, советувајќи при трансакции со висока вредност и решавање спорови.
Денес, тој советува меѓународни клиенти — вклучително инвеститори, мултинационални компании и растечки бизниси — во областа на спојувања и преземања, правна анализа (legal due diligence), корпоративно структурирање, судски постапки и регулаторна усогласеност, со особен фокус на технолошки ориентирани индустрии и прекугранични операции.
Тој одржува силна поврзаност со македонската дијаспора, советувајќи во областа на државјанство, наследство, недвижности и деловно структурирање, успешно поврзувајќи различни правни системи и јурисдикции.
Владимир дипломирал во областа на право во 2012 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, додека во 2014 на истиот факултет и магистрирам. Истовремено тој има има и титула Executive MBA од Vienna University of Economics and Business (2025), со фокус на data science и дигитална трансформација.
Тој е член на Германската стопанска комора и е препознаен како доверлив адвокат од германското говорно подрачје од страна на Германската амбасада. Работи течно на англиски, германски и руски јазик.
Дипломиран правник (LL.B.) – Правен факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје (2012)
Магистер по право (LL.M.) – Правен факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје (2014)
Executive MBA (EMBA) – Vienna University of Economics and Business (WU), Виена
Фокус: Data Science и дигитална трансформација