
Владанка Манева е соработник во Адвокатска Канцеларија Бошњаковски, со фокус на трудово право, деловно право и правна анализа.
Во текот на своето правно образование, Владанка активно учествувала во Центарот за клиничко образование во областа на трудовото и социјалното право, каде што работела на истражувања, правни анализи, конференции, обуки, тркалезни маси и работилници. Таа била вклучена и во координација на подкастот „Клиника за труд“, како и во подготовка на промотивни и едукативни материјали поврзани со трудовото право.
Нејзиното искуство вклучува анализа на националното законодавство и негово споредување со европската регулатива, подготовка на правни ставови и барања, како и учество во активности поврзани со работни односи, колективни договори, безбедност и здравје при работа, приватност на работното место и примената на нови технологии во правото.
Дипломиран правник (180 ЕКТС) – Правен факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје (2026)