По успешно завршена постапка за признавање на трговска марка на ниво на ЕУ претходно оваа година, Адвокатската канцеларија Бошњаковски постигнува уште една пресвртница во својата пракса за интелектуална сопственост. Овој пат му помогнавме на клиент со признавањето на неговата трговска марка пред Канцеларијата за интелектуална сопственост на Нов Зеланд (IPONZ).
Овој декември, Адвокатската канцеларија Бошњаковски успешно му помогна на локална компанија за развој на софтвер во постапката за признавање на нејзината трговска марка во Нов Зеланд. Трговската марка првично беше регистрирана во Државниот завод за индустриска сопственост на Република Северна Македонија. Брендот заштитен со трговската марка е софтверски производ применлив во здравствената индустрија.
Заклучувањето на оваа постапка е особено важно за нас бидејќи доаѓа по првично привремено одбивање на признавањето. Имено, IPONZ ја оспори нашата апликација за признавање врз основа на аргументот дека одредени фигуративни елементи содржани во трговската марка се забранети со Законот за Женевските конвенции од 1958 година. Меѓутоа, по вклучувањето на одредени измени и услови во апликацијата, успеавме да го надминеме ова привремено одбивање и успешно да го завршиме процесот. Сега трговската марка е признаена како што првично беше наменето: без никакви промени во нејзината содржина, форми или бои.
Сопственикот на трговската марка сега може да го прошири својот бизнис во Нов Зеланд со сигурност дека неговите права на интелектуална сопственост се заштитени. Подеднакво важно, сопственикот може да биде сигурен дека нема да прекрши никакви права на интелектуална сопственост на трети страни со пласирањето на софтверските производи под неговиот бренд.
Признавањето во Нов Зеланд е само дел од многу поширока глобална стратегија за регистрација на трговски марки, која Адвокатската канцеларија Бошњаковски ја разви и сега ја спроведува во име на клиентот. Пред Нов Зеланд, бевме исто така успешни во ЕУ и со нетрпение очекуваме позитивни исходи во САД, Канада, Австралија и Сингапур.
Цврсто веруваме дека вистинското богатство на современиот свет не е во материјалните ресурси, туку во докажаните брендови, креативните идеи и знаењето. Имајќи го ова на ум, ќе продолжиме да им помагаме на нашите клиенти да ја заштитат нивната вредна интелектуална сопственост – авторски права, трговски марки, дизајни и патенти.
За совет како да ја регистрирате и заштитите вашата интелектуална сопственост, слободно пишете (contact@boshnjakovski.com) или јавете се (+38970257879).
Бесплатна консултација
Правото е сложена материја. Може да ви предизвика голем проблем. Дозволете ни да ви помогнеме!



