Нашата канцеларија во Скопје нуди правни услуги во областа на работното право во Република Северна Македонија. Ги покриваме сите аспекти на законската и внатрешната регулатива на вработувањето во Македонија, од фазата пред вработување до престанокот на работниот однос.
Нашите услуги опфаќаат вонпарнични прашања како што се договори за менаџмент и вработување, документација за систематизација, управување со работна сила, структури за компензација и мотивација, префрлање на вработени, имиграција и прекугранично упатување на вработени, внатрешна обука на вработени во секторот за човечки ресурси во Скопје или други градови и други вонпарнични консултации за вработување.
Како адвокати за работни односи, поддржуваме и застапуваме и работодавачи и вработени во случаи на технолошки вишок и затворање на капацитети, преговори (вклучително и со синдикати), престанок на договори за вработување, заштита на трансфер на знаење (know-how) и податоци, како и прекршување на работната регулатива.
Доколку ви е потребна каква било помош, слободно контактирајте нè. Ќе ви одговориме во рок од 1 работен ден. Или ако ви е итно, јавете ни се веднаш.
+389 70 257 879 contact@boshnjakovski.com пон – пет 09:00-17:00
